Канцеларија за адвокати во зградата на Апелацискиот суд-Скопје

Од:

Адвокатската комора на Република Македонија денеска отвори канцеларија наменета за адвокати во зградата на Апелацискиот суд-Скопје.

Претседателот на Адвокатската комора Никола Додевски на отворањето на канцеларијата рече дека овој чекор за адвокатите е од голема важност бидејќи, како што кажа, е дел од заложбите на комората за враќање на адвокатурата на вистинското место каде што припаѓа.

– Ова е прв чекор од еден проект кој што е замислен за подобрување на условите за работа на адвокатите во сите судови во Македонија. За почеток барем во поголемите судови каде што замислуваме да имаат вакви простории каде што ќе се овозможи адвокатите подобро да си ја обавуваат својата работа и да ги остваруваат правата на граѓаните како и секогаш квалитетно, но сега со малку порамноправни позиции од аспект на условите за работа, изјави Додевски.

Појасни дека канцеларијата која е опремена со средства на Адвокатската комора ќе биде на користење на подолг временски период.

На новинарско прашање за предлог измените на Законот за нотаријат, Додевски рече дека таа инцијатива е заедничка на двете комори, адвокатската и нотарската.

– Накусо речено, нашата заедничка иницијатива со нотарите беше за истите трошоци да се обезбеди поголема правна сигурност за граѓаните, додаде Додевски.

Според него, секое право на граѓанинот што подобро се штити, кое што дава зголемена правна сигурност на граѓаните, треба секој да го поздрави посебно доколку тоа значи, како што кажа, задржување во истите рамки на трошоците.

Би можело да ве интересира

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ