Телевизија Канал 5 вечерва се извини на гледачите поради тоа што создаде вознемиреност и паника со најавата од презентерката дека паднал авион која одеше по централните вести.
Телевизијата во последните вести информираше дека се работи за промотивен материјал за турска серија, која ќе се емитува наскоро, а во која се работи за авионска несреќа.
Според телевизијата пред да почне да се емитува оваа серија и во Турција на ист начин била рекламирана.
Најавата дека се урна авион кај многу граѓани предизвика паника. Стотици од нив се јавувале на скопскиот аеродром да се информираат кој авион е паднат при полетување. Советот за радиодифузија се очекува утре да излезе со соопштение за овој случај.