Кампања за спречување на последици од употреба на пиротехнички средства во Кисела Вода

Од:

Општина Кисела Вода во соработка со Министерството за внатрешни работи, СВР Скопје – Одделение за превенција и ПСОН Кисела Вода започна со реализација на кампања во основните општински училишта, која ќе има за цел да делува во насока на спречување на несакани последици по безбедноста на учениците во периодот на претстојните новогодишни и божиќни празници.

Реализацијата на кампањата започна од ООУ „Круме Кепески“ каде пред учениците од 7, 8 и 9 одделение полициски службеници одржаа едукативен час за превенција и за спречување на последици од употреба на пиротехнички средства.

Покрај ова, волонтери од „Црвен крст“ на учениците им покажаа како да укажат прва помош при повреда настаната од петарди. Во периодот што следува вакви едукативни предавања ќе се одржат и во останатите основни училишта.

Воедно, претставници од Министерството за внатрeшни работи ќе остварат средби и со Советот на родители при основните училишта пред кои ќе ја презентираат кампањата.

Би можело да ве интересира

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он