Првиот, од шесте еднодневни настани, со филмска програма, анимирани и играни кратки филмови за деца од девет до 13 години, наменети за промоција на инклузијата на децата со попреченост ќе се одржи денеска во Свети Николе во рамки на филмскиот фестивал „Караван за детство без пречки“ во организација на УНИЦЕФ и Скопје филм фестивал.
Пред почетокот на проекциите ќе се обрати градоначалникот на Свети Николе и претставникот на УНИЦЕФ во Македонија Бенџамин Паркс.