Кампања за подигање на свеста на возачите да не паркираат на места наменети за лица со посебни потреби

Од:

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи” на Општина Центар и граѓанската иницијатива „5до12“ денеска потпишаа меморандум за соработка и ја претставија кампањата „Паркирај совесно! Не им го одземај паркинг местото на оние на кои им е најпотребно“ со цел да се подигне свеста на возачите да не се паркираат на места наменети за лица со посебни потреби и да се посочи проблемот со непрописното паркирање низ градот.

Активистите на здруженијата за лица со посебни потреби од цела Македонија кои се дел од граѓанската иницијатива „5до12“ и вработените на ЈП ПОЦ ја започнаа кампањата со поставување на летоци на паркираните автомобили на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието кои повикуваат на совесно паркирање.

„Со денешната акција сакаме да ги потенцираме проблемите со кои се соочуваат лицата со посебни потреби во сообраќајот, а пред сè за време на паркирањето. Нашата цел е да влијаеме на свеста на возачите да паркираат совесно и да им овозможат на лицата со инвалидитет непречено функционирање во градот“ – изјави В.Д. директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Вангел Андрески.

Од граѓанската иницијатива “5до12“ велат дека се приклучиле во оваа кампања заради проблемите со несовесно паркираните автомобили со кои се соочуваат секојдневно. Тие апелираат до возачите да не паркираат на места наменети за лица со посебни потреби за да можат да функционираат нормално.

Во склоп на кампањата ќе се отвори и посебна телефонска линија каде граѓаните ќе можат да ги пријавуваат сите непрописно паркирани автомобили односно автомобили паркирани на места означени за лица со посебни потреби и за истите ќе се преземат посебни санкции. Пајак службата на ЈП ПОЦ ќе интервенира веднаш по добивање на повикот, а на местата каде што нема пристапност ќе се поставуваат блокатори.

Кампањата ја поддржа и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ кој заедно со активистите ги предупредуваа возачите да не паркираат на местата кои не се наменети за нив и да не им го одземаат паркинг местото на оние на кои им е најпотребно.

Би можело да ве интересира

Насилници од Скопје со „бекатонки“ претепале две момчиња

39-годишен скопјанец е пронајден мртов во неговиот дом

Дисциплинска за двајцата полицајци од обезбедувањето на Сиљановска-Давкова кои рекле дека „поршетo“ е на МВР

Горан Наумовски

Казнет возачот на „поршето“ непрописно паркирано во Дебар Маало, внатрешна контрола го проверува полицаецот што беше на настанот

Катерина Ѓуровски

Герасимовски: Полицијата, а не ПОЦ, одбивала да го подигне возилото, МВР да ги санкционира

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Паркинг драма во Дебар Маало: Граѓани ја принудија пајак службата да крене луксузно возило

Катерина Ѓуровски