Кампања за поддршка на СОС Детско село „СОС суперхерој“

Од:

СОС Детско село во наредните три месеци ќе спроведе кампања „СОС суперхерој“. Во рамки на кампањата, која ќе се води пред се на социјалните мрежи, претставници на СОС Детско село, секој вторник, четврток и сабота од 18:00 до 20:00 часот ќе бидат присутни во Синеплекс во Сити мол, каде граѓаните ќе имаат можност да дознаат повеќе за оваа организација која згрижува деца без родители и родителска грижа и да донираат. Заинтересираните граѓани можат да донираат и online преку веб страницата на СОС Детско село.

dobivaj vesti na viber

-Кампањата ќе трае три месеци, во кои ќе може да се докаже македонската хуманост, хуманоста на овој народ, за која се прикажува нашироко а ќе можете да ги покажете и докажете и Вие своите Супер моќи. „Суперхерој сте за луѓето околу себе и за оние на кои најмногу сте им потребни. Суперхерој сте доколку давате позитивен пример, доколку помагате… Затоа, ние од СОС Детско село, повикуваме: Бидете и Вие, биди и ТИ СОС Суперхерој! Тоа е нашата водилка, нашата идеја во најновата кампања на СОС Детско село – „СОС Суперхерој“, се вели во соопштението од СОС „Детско село“

Стремежот на СОС Детско село „Ниту едно дете не треба да расте само“ може да стане реалност само со помош на добрите луѓе, на оние кои веруваат во работата на СОС Детските села, во нашата мисија и цел, а целта нам, во СОС Детско село ни е да понудиме топол дом, среќно детство и секојдневие какво што уживаат сите други деца.

Освен на веб страницата граѓаните кои сакаат да помогнат можат да донираат онлајн и на Фејсбук https://www.facebook.com/detskoselomkd/ , а тоа можат да го направат и на Инстаграм https://www.instagram.com/sosdetskoselomakedonija/.

Би можело да ве интересира

Првото кумство на згрижувачко семејтво во СОС Детско село

АУЕ – ФОН организираше донација на книги за СОС Детско Село

Интервју со Национална директорка на СОС Детско село Јулијана Гапо

Вработените во Зегин бојадисуваа велигденски јајца со децата од СОС Детско село

А1он

Тренчевска: Oтворен нов Центар за поддршка на згрижувачки семејства во рамки на СОС Детско село

А1он

Тренчевска: Пред нас е предизвикот за мобилизирање на што поголем број на згрижувачки семејства

А1он