Кампања за носење маски на зелените пазари

Од:

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со претставници од „Скопски пазар“ како правно лице кое управува со зелените пазари почнувајќи од денеска ќе реализираат кампања за преземање превентивни мерки и активности во врска со заштитата од ширењето на вирусот Ковид-19.

Активностите во рамки на оваа кампања, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, имаат за цел подигање на јавната свест и потребата за одговорно однесување на сите нас, со што ќе придонесеме за заштита на присутните лица на зелените пазари на подрачјето на Скопје.

Со кампањата ќе бидат опфатени зелените пазари на ниво на град Скопје и тоа, Бит Пазар, Буњаковец, Ченто, Тафталиџе, Ѓорче Петров, Драчево, Бутел, Чаир, Аеродром, Автокоманда, каде ќе се информираат посетителите, закупците на просторот за начинот на користење на заштитната опрема, потребата за користење, како и за санкциите согласно донесените препораки доколку истите не се почитуваат.

Во рамки на кампањата, на граѓаните ќе им бидат поделени маски и ракавици. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат одлуките што се однесуваат на задолжителна употреба на маски и останата заштитна опрема и да се придржуваат на потребното растојание.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска