Кампања за надминување на предрсудите кон Ромите

Од:

Над 70 ученици и наставници од сите основни училишта од Куманово денеска учствуваа на работилница на која се едуцираа за надминување на стереотипите, предрасудите и дискриминацијата. Кампањата на тема „Доста е–надмини ги предрасудите, запознајте ги Ромите“ е во организација на Националниот ромски Центар од Куманово.

-Националниот ромски центар ќе ја имплементира оваа кампања со поддршка од Советот на Европа и кампањата „Доста“, исто така и проектот „Ајде да зборуваме за дискриминација “ кој е поддржан од Програмата Европа за граѓаните и француската амбасада. Кампањата ќе се работи во три фази. Покрај денешната работилница, во втората фаза имаме креативни дела во кои учениците ќе цртаат на маички и ќе се снима видео материјал и третата фаза е изложба на изработените дела од настанот, изјави Ирфан Мартез од Националниот Ромски Центар.

Васка Бајрамовска-Мустафа, раководител на Одделение за заштита на правата на децата и лица со посебни потреби од канцеларијата на народниот правобранител ги едуцираше присутните учесници како да се надминат предрасудите.

-Дискриминација отсекогаш постоела и ќе постои затоа што се уште не е доволно развиена свеста, не во таа толкава мера колку што е потребно, почнувајќи од децата па се до возрасните. Во рамките на институцијата народен правобранител постои посебно одделние за заштита на правата на децата и лица со посебни потреби и одделение за заштита од недискриминација. За жал, морам да кажам дека дискриминацијата од година во година зазема поголеми размери и она што е интересно е што се менува основот на дискриминацијата, меѓутоа никогаш не се заборава односно не се намалува бројот на претставки поднесени по однос на етничка припадност, рече Бајрамовска.

Таа потсети дека изминатите години актуелно беше прашањето со враќањето на Ромите од граница, односно ограничувањето на слобода на движење каде што се само припадници на ромска етничка заедница.

– Радува фактот што граѓаните се повеќе и похрабро осознаваат што е дискриминација, ги препознаваат механизмите за заштита и доаѓаат во нашата институција. Потребни се и понатамошни заложби, за повеќе кампањи, заложби за подигање на јавната свест, за едукација на децата, за еднаквост и заштита од дискриминација и затоа за поздравување се ваквите работилници кои што ги организираат невладините организации, истакна Бајрамовска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фудбалер на Рома доживеа срцев удар, прекинат натпреварот со Удинезе

Катерина Ѓуровски

Рома на лето ќе се обиде да го убеди Клоп да го води тимот

Рома го доби посакуваниот потпис – Белоти доби едногодишен договор

Шок за Рома се повреди Вајналдум

Рома ја одби понудата на Тотенхем за Заниоло

Мурињо го сака Ерик Баи во одбраната на Рома