А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кампања за дарување коскена срцевина и работилница за трансплантација

by А1он11/04/2019 - 13:27431
Share0

Подигнување на свеста за хуманост, промовирање на солидарноста и можноста преку запишување во националниот дарителски регистар, дарувајќи коскена срцевина, секој да може да спаси човечки живот, е целта на кампањата „Биди срцевина, биде херој“, што ќе ја спроведува Универзитетската Клиника за хематологија во соработка со Институтот за имунологија и хумана генетика при УКИМ, Медицинскиот факултет и Министерството за здравство.

Следете a1on на Instagram Instagram

Директорката на Клиниката, Ирина Пановска Ставридис денеска на средба со новинарите посочи дека кампањата ќе биде промовирана на 13 април во рамки на првата дводневна работилница за трансплантација на коскена срцевина насловена „Идни перспективи и предизвици“ на која ќе учествуваат 60 врвни меѓународни експерти од земјава и странство од областа на трансплантацијата на коскена срцевина.

Меѓу учесниците ќе бидат Мохамед Мохти, професор по хематологија и шеф на Одделот за хематологија и клеточна терапија во рамки на болницата „Сен Антуан“ при Универзитетот Сорбона во Париз, кој е лидер на работната група за акутни леукемии во рамки на Eвропското здружение за трансплантација на крв и коскена срцевина, Кристина Петерсе, професор по педијатрија на Одделот за стем клеточна трансплантација во рамки на детската болница „Св.Ана“ во Виена и главен истражувач во студиите за терапија на леукемија кај педијатриски пациенти во рамки на Eвропското здружение за трансплантација на крв и коскена срцевина, Радован Врховац, шеф на Одделот за трансплантација на коскена срцевина во рамки на Универзитетскиот клинички центар во Загреб и Марјаж Север, кораководител на програмата за трансплантација на Клиниката за хематологија при Универзитетскиот медицински центар во Љубљана.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Горан Наумовски30/05/2026 - 15:25

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 13:22

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 15:5027/03/2026 - 20:03

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Горан Наумовски06/03/2026 - 12:30

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:55

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Горан Наумовски16/02/2026 - 12:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто