Кампања на ЈП МЖ меѓу средношколците „Не за селфи на вагон“

Од:

ЈП „Македонски Железници“ денеска меѓу учениците во велешката Гимназија „Кочо Рацин“ ја спроведоа кампањата „Не за селфи на вагон“ и „Спречи го твојот другар да се докажува“ и за нив одржаа едукативно предавања за оваа опасност.

Како што појасни за медиумите Игор Коруноски директор на ЈП МЖ, целта на кампањата е превентивна едукација на учениците во средните училишта во земјава, дека возот треба да го користат како превозно средство а не за фотографирање на покривите на возовите, што е многу опасно по нивните животи.

– Во минатото имавме неколку случаи кога млади – претежно ученици се качуваа на покривите на возовите и правеа фотографии. Тоа е многу погрешна и опасна постапка. Сакаме да ги предупредиме младите дека тоа е многу опасно по нивниот живот. За жал неодамна изгубивме уште еден млад живот од невнимание, бидејќи некои млади лица сакале да се докажуваат пред другарите и да направат што поопасна фотографија, потенцира на опасноста Коруноски.

Од ЈП МЖ, ги предупредија средношколците дека над вагоните на МЖ поминува електрична инстапација од многу висок напод од 25 киловолти ,а од чиј допир дирекно можат да се изгорат со изгореници од највисок степен и уште пострашно како последица од тоа и да умрат.

Во Велес пред двесетина година имаше прв случај кога на Железничката станица во Велес при невнимание во игра дете беше зафатено со изгоретини по телото од струја под висок напон од допир на столб на Железничката станица. Детето подоцна млад човек како последица од тој случај доби рак на кожа и почина пред две години.

Исто така кон крајот на 2015 година во Велес како последица од допир на електрична инсталација над вагон на МЖ, поради сликање селфи почина 15-годишен средношколец од Хемиското училиште од Велес.

Да потсетиме дека при последниот несреќен случај уште еден средношколец овојпат од Скопје, а кој неодамна исто така почина, а како последица од допир на инсталација на вагон на МЖ при правање селфи.

Би можело да ве интересира

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

(ВИДЕО) Пропуст од 25 милиони евра: Кинеските возови биле нарачани без простор за миленици и велосипеди

A1on

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

A1on

(ВИДЕО) Бесплатниот студентски билет го претовари возот за Битола: Кавги помеѓу патниците кои се набиени еден до друг

A1on

Нормализиран железничкиот сообраќај, машиновозачите го прекинаа бојкотот

A1on

Трет ден не работат сигналните рампи поради уништен кабел на пругата Велес-Згропалци од невремето

А1он