Кампања „Ден на ретки болести“ во Битола

Од:

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ – Битола со поддршка на Европската организација за „Ретки болести – ЕУРОРДИС“ и во соработка со Националната алијанса за „Ретки болести“ почнаа кампања за зголемување на јавната свест за ретките болести.

Првиот ден од кампњата се одржа во Битола, а јавни манифестации ќе се одржат и во Прилеп, Охрид и во Скопје.

Организаторите на кампањата информираа дека на Широк сокак поделиле публикуван информативен материјал посветен на ретките болести, во Прилеп ќе се одржи предавање за ретки болести, а настанот го организира Јасмина Христоска, пациент со акромегалија.

На 28 февруари во Охрид ќе се одржи еднодневен марш, атлетски крос и планинарски активности. Во Охрид се вклучи и Здружението „Анималија“ кои ја поддржаа идејата за подигнување на јавната свест за ретки болести преку порака – вдомете милениче за некои тоа е единствената бесплатна терапија. Настанот во Охрид е организиран од Гордана Лолеска, мајка на дете со Алпорт синдром.

– Неколкудневната кампања ќе заврши во Скопје, информираа организаторите, кои планираат и изложба на плакат со приказни од родители на пациенти со ретки болести, која ќе биде поместена во ЕУ Инфо центар во Скопје.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција