Камионџија загина во сообраќајка на автопатот Демир Капија – Гевгелија

Од:

МВР извести дека вчера во 18.40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после првиот тунел кај Демир Капија, товарно возило „МАН“ со приколка управувано од З.К.(54) од с.Инџиково, скопско, удрило во заштитна ограда.

„На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, извести полицијата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Камионџија од Бугарија прегази крава на магистралата Крива Паланка – Куманово и избега

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски