Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Од:

На магистралниот пат Подмоље – Струга, товарно возило „ман“, управувано од А.А.(52) од Република Албанија, удри во пешакот У.Д.(75) од село Ливада, струшко, кој од здобиените повреди почина на местото на несреќата.

Лекар од Итна медицинска помош Струга констатира смрт, а увид изврши увидна екипа на ОВР Струга.

Претходно, е пријавено дека У.Д. се оддалечил од домот на негов роднина во струшкото село Мислешево и дека има здравствени проблеми.

Се преземаат мерки за расветлување на настанот.

Би можело да ве интересира

23-годишен осуденик од „Идризово“ почина во Клиничкиот центар во Скопје

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Починат маж е пронајден во куќа во скопската населба Ѓорче Петров

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он