Камионџија избегал откако удрил и тешко повредил мотоциклист во Прилеп

Од:

Вчера околу пладне се случила тешка сообраќајна несреќа во Прилеп – возач на камион удрил во мотоциклист, по што избегал од местото на несреќата, оставајќи го тешко повредениот возач на мопед на патот, соопшти полицијата.

„На 06.07.2021 во 12.45 часот било пријавено дека во Прилеп, на ул.„Александар Македонски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило управувано од лице кое по незгодата го напуштило местото и мопед „Генерик“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(54) од Прилеп. Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп“, се вели во соопштението од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Полициската станица Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Двajца загинати и тројца повредени во сообраќајка кај Агино Село

А1он