Камион удри во пешак на патот Струмица-Владевци

Од:

Утрово околу 02:40 часот товарно возило управувано од жител од Радовиш удрило во негов сограѓанин, В.В. (69) во селото Владевци.

Веста ја потврди портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.

-Незгодата се случила на магистралниот пат А4, Струмица-Радовиш, на делот кој поминува низ селото Владевци. Полицијата по налог на јавен обвинител изврши увид, додаде Рендевска.

Повредениот радовишанец е пренесен во болницата во Струмица, каде е задржан на понатамошно лекување.

Би можело да ве интересира

Заканувачко писмо во канцеларијата на претседателката

Нов инцидент поради кравите во Кривопаланечко: тешко повредена 67-годишна жена

Катерина Ѓуровски

Жена на 80 години пронајдена почината во Кисела Вода

Пијан виничанец направил две сообраќајки и двапати бегал

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски