Камион се излизга на патот Кавадарци-Прилеп

Од:

Товарно моторно возило утрово околу 7 часот се излизга на патот од Кавадарци -мотелот Дреново- Прилеп поради голомразица. Овој патен правец беше блокиран околу три часа.

Нема повредени и не е причинета материјална штета.

– Возилото целосно го имаше попречено патот па моравме да го пренасочиме сообраќајот по други споредни патишта. Полицијата и екипи на „Македонија пат” го отстранија товарното моторно возило и сообраќајот продолжи да се одвива нормално, соопштија од полицијата во Кавадарци и упатија апел  до возачите да внимаваат и да ја прилагодат брзината кон условите на патот.

Би можело да ве интересира

Пет лица повредени во судир на три возила на скопската обиколница

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он