Каминис: Не сум овде да дискутирам за прашањето за името

Од:

Не сум овде да дискутирам за прашањето за името, нуту пак тоа беше тема на разговор кога градоначалникокот Петре Шилегов дојде кај нас. Ние сме градоначалници и она што најмногу можеме да го направиме е да ги споиме нашите луѓе и да го поплочиме патот за подобро разбирање меѓу двата народа.

Ова денеска го истакна атинскиот градоначалник Јоргос Каминис, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Договор за соработка меѓу Скопје и Атина.

– Најдобар начин за тоа да се направи е да се биде многу конкретен во она што го правиме, во областите во кои имаме соработка. Тоа е политички многу важно да се истакне. Да им се покаже на луѓето дека кога почнувате заедно да соработувате со некого на отворен начин, можете подобро да го разберете, тој може подобро да ве разбере. И тоа е она што ние сакаме тука да го направиме. Останатото е работа на Владата, рече Каминис.

Прашан што мисли за спомениците во Скопје, Каминис рече дека, се уште ,не ги видел во живо, туку само на фотографии.

– Статуите припаѓаат на музеите. Јас не му велам на градоначалникот Шилегов да ги стави стауите во музеј. Живееме во 21 век, да ги оставиме статуите на историјата и на музеите и да зборуваме за тековните проблеми, рече Каминис.

Одговарајќи на новинарски прашања на грчките медиуми, скопскиот градоначалник Петре Шилегов рече дека дел од објектите и скулптурите се дел од кривични истраги кои се во тек, а против лицата се води судска постапка кои, како што рече, делумно ја украдоа иднината на градот.

– Ние ќе направиме се што е можно да го вратиме првичниот изглед на градот. Веќе имаме отстрането еден од спомениците кои беа дел од проектот „Скопје 2014“, рече Шилегов. Посочи дека одбил да ги изброи спомениците и додаде оти се премногу на толку мала површина.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски