Каменувана црквата „Света Петка“

Од:

Непознати сторители ноќта помеѓу четвртокот и петокот ја каменувале црквата „Света Петка“ во тетовското село Милетино, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Случајот бил пријавен во текот на вчерашниот ден од страна на жител на селото кој живеел во близина на црквата, која се наоѓа на излезот од Милетино.

Полициска екипа излегла на увид по што е констатирано дека непознати сторители со камења нанеле дваесеттина вдлабнатини на фасадата на црквата што неодамна била обновена, а забележително била оштетена и влезната врата на објектот.

– Полицијата извршила увид и го фотодокументирала случајот по што работи на откривање на сторителите, рече Јосифовски

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип