Камен темелник за зграда со станови за припадници на АРМ

Од:

Со поставување камен темелник на локација зад касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе почнат градежните работи за изградба на првата зграда со станови за  припадници на Армијата на Република Македонија, како дел од проектот „АРМ – мој вистински дом“.

Според проектот, првата зградата треба да биде со 32 стана, еднособни, двособни и тособни.Ќе се состои од подрум, приземје и четири ката. Во подрумот се сместени гаражи, на приземјето предвиден е деловен простор, а на четирите ката се становите за потребите на припадниците на АРМ. Покрај гаражите, недостатокот од паркинг простор согласно правилникот за проектирање на станбени згради е решен со паркинг места во рамките на градежната парцела. 

Според последните објавени податоци од Министерството за одбрана, досега се пријавиле над 250 припадници на Армијата кои се заинтересирани да го решат своето станбено прашање преку овој проект.

Цените по кои што ќе се купуваат становите се еднакви на градежната цена на станот, а ќе се отплаќаат на 240 месечни рати. Купувачите на становите ќе треба обезбедат 20 проценти учество.

На свеченоста е најавено обраќање на министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он