Камен темелник за црква во кавадаречко Брушани

Од:

Во селото Брушани крај Тиквешкото Езеро денеска беше поставен камен темелник на нова црква посветена на светата великомаченичка „Недела“.

На свеченоста присуствуваа голем број граѓани, а со чинот на осветување чиноначелствуваше митрополитот Повардарски господин Агатангел.

– Од Вашите ликови ја гледам Вашата духовна радост, им се обрати на верниците владиката, посакувајќи верскиот храм да биде изграден што побрзо.

Црквата „Света Недела“ ќе се гради со донации од месното население од Брушани.

Проектант на храмот е фирмата „Капител“ ДООЕЛ од Кавадарци, а изведувач на градежните работи компанијата „Јуниор-трејд“ од Росоман.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски