Камен темелник на црквата „Света Петка“ во валандовското село Градец

Од:

Во валандовското село Градец, денеска беше поставен камен темелник на црквата „Света Петка“ која под покровителство на општина Валандово ќе се гради од донаторство на Ангелче Ристов од гевгелиското село Давидово.

Просторот на кој се гради црквата е лоциран на северозападната страна од селото и важи за свето место на кое жителите од околните села Удово, Давидово и Градец на празникот „Света Петка“ се собираат и раздаваат за здравје, среќа и благосостојба.

При поставувањето на камен темелникот присуствуваше градоначалникот на Валандово,Николче Чурлиновски, кој истакна дека со овој чин се шири православието во општината што е добро, подвлече, за сите нас.

– На донаторот многу му благодарам и му посакувам се најдобро во иднина.Општината ќе ги поддржува градбите на светите домови, а наскоро ќе почне да се гради и црковен храм во центарот на Валандово, изјави Чурлиновски.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите