„Камен“ пијан кавадарчанец возел „застава 101“ и учествувал во сообраќајка

Од:

Кавадарчанец е уапсен откако е констатирано дека има 3,32 промили алкохол во крвта и притоа управува возило и учествува во сообраќајка, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

– Синоќа во 19.20 часот во село Пепелиште, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го уапсија С.Ф.(43) од Кавадарци. При преземање на мерки во врска со сообраќајна несреќа во која С.Ф. учествувал со „застава 101“ со неготински регистарски ознаки, било утврдено дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,32 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе била поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Би можело да ве интересира

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Притвор за 32 годишник од Пробиштип – возеше пијан, па нападна полицаец

А1он

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци