Камчев повторно пренесен на Кардиологија, се гушел и имал силна главоболка

Од:

Бизнисменот Јордан Камчев, кој е во притвор во затворот во Шутка, поради влошена здравствена состојба, со возило на брзата помош утрово повторно е пренесен на Клиниката за кардиологија. По интервенција на лекарскиот тим од клиниката и откако му се стабилизирала состојбата, Камчев е вратен во КПУ затвор Скопје каде што ја издржува мерката притвор, соопштија неговите адвокати.

Денеска, за време на редовната посета на КПУ затвор Скопје, Јордан Камчев повторно се пожалил на своите бранители на влошена здравствена состојба.

– Имено, во текот на вчерашната вечер Камчев во затворот имал гушење, голема главоболка и се чувствувал многу лошо, но во КПУ затворот во Скопје во моментот немало дежурен лекар за да го прегледа и интервенира, па поради сериозноста на состојбата викната е брза помош, констатирано е зголемен крвен притисок и на Камчев му е дадена соодветна, моментална терапија, соопштија денеска членовите на правниот тим на Камчев, кои денеска му биле во посета.

Во соопштението се наведува дека неколкупати како одбрана реагираат на сериозно влошената здравствена состојба на Јордан Камчев, што, како што стои во соопштението, очигледно продолжува да се влошува поради непостоење на соодветни медицински и санитарни услови за третирање на неговата здравствена проблематика.

– Со фамилијарен историјат на кардиоваскуларни болести, г-динот Камчев од својата 15-та година прима соодветна терапија за оваа здравствена состојба, а пред само десетина дена поради влошување на состојбата тој пет дена беше хоспитализиран на Клиниката за кардиологија во Скопје.Сериозноста на здравствената состојба и ризикот кој постои по неговото здравје поради неможноста истата да биде соодветно третирана во затворот е докажана и од четири различни, релевантни медицински институции и со сета останата документација е уредно доставена до Судот, соопштија адвокатите Сашо Бошков, Александар Михајлоски, Гоце Ристески, кои како дел од правната одбрана денеска биле во посета на Камчев.

Би можело да ве интересира

Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов

„Жената лута“ рече Камчев за Катица Јанева која го праша: Точно ли е дека „Стопанска банка Битола“ е пералница на пари?

Кристијан Ландов

Боки 13 го испрашуваше Камчев, бизнисменот тврди дека не разговарал со Заев за „Империја“ туку за рекет од „1ТВ“

Кристијан Ландов

Камчев со имот на една фирма во четири градови, гарантира дека нема да бега

Кристијан Ландов

Камчев излезе од затворот во Шутка, за Божиќ ќе биде дома откако Нова година ја помина во „Систина“

Кристијан Ландов