Камчев на распит, пред судот се адвокатот Менкиновски и Наташа Савова

Од:

Бизнисменот Орце Камчев е спроведен во Кривичниот суд, а пред зградата е адвокатот Тони Менкиновски како и Наташа Савова, вработена во една од компаниите на Камчев. Тие се пред судот од по спроведувањето на Камчев, кој беше донесен со полициско присуство.

Бизнисменот Орце Камчев е уапсен откако Агенцијата за национална безбедност алармирала дека тој се спрема да се даде во бегство. Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за „А1он“ вели дека надлежните обвиниели кои го водат случајот поврзан со плацевите на Водно, Гордана Смаѓовска и Лиле Стефанова, ќе побараат притвор за Камчев од судија на претходна постапка.

Инаку, Орце Камчев е приведен утринава и ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, каде ќе се одлучува за побараната мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов

„Жената лута“ рече Камчев за Катица Јанева која го праша: Точно ли е дека „Стопанска банка Битола“ е пералница на пари?

Кристијан Ландов

Боки 13 го испрашуваше Камчев, бизнисменот тврди дека не разговарал со Заев за „Империја“ туку за рекет од „1ТВ“

Кристијан Ландов

Камчев со имот на една фирма во четири градови, гарантира дека нема да бега

Кристијан Ландов

Камчев излезе од затворот во Шутка, за Божиќ ќе биде дома откако Нова година ја помина во „Систина“

Кристијан Ландов