Камбовски: Повеќе да се потпираме врз домашната памет

Од:

Преговорите, разговорите во Брисел и дома треба да ги водиме така што се повеќе и повеќе да се потпираме врз домашната памет. Ако ја немаме да ја потхраниме, да ја помогнеме. Не може 25 години нашата демократија да зависи од ваква или онаква интервенција само на странскиот партнер.

Ова денеска го изјави претседателот на МАНУ Владо Камбовски по повод 70-годишнината од објавувањето на македонскиот правопис во организација на МАНУ, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Во однос на последните случувања во нашата држава, Камбовски рече дека тие добиваат белези на една се подлабока политичка криза.

За забелешките дека Академијата премолчува, Камбовски истакна дека МАНУ е највисока научна и уметничка институција која, како што рече, е од посебен интерес за Македонија.

– Таа треба да ја репрезентира независноста на науката, уметноста и културата воопшто. Во прв ред, независноста од политички фактори. Ако Академијата се инволвира во тековни политички односи, се откажува од својата независност и ја отвора вратата на широко и политиката да се инволвира во Академијата, рече Камбовски. Додаде дека внимавале таа линија на граници да се задржи.

Во однос на сите овие прашања, како што рече, Академијата не молчеше. – Академијата зборуваше многу погласно за се она што се случува во Македонија, но прашање е дали некој сакал да ја слуша, потенцира тој.

Академик Камбовски потсети дека во неговите интервјуа постојано нагласувал оти за да се превенира продлабочување на политичката криза нужно е воспоставување, без никакво одлагање на политички дијалог.

– И тоа дијалог кој би бил, не само меѓу двајца или четворица партнери во политиката или власта, туку широк општествен дијалог во кој би биле инволвирани сите компетентни структури, експертски, универзитески, академски…, рече Камбовски.

Нагласи дека цело време, додека оваа криза влезе во финална фаза, внимателно во МАНУ ги следеле сите состојби и издавале соопшштенија кои, како што рече, некои ги протолкуваа како „немушти“.

– Продлабочувањето на кризата, до овој момент, доволно јасно на сите учесници во неа и во преговорите им покажа каде треба да се движи потрагата по јавниот интерес или интерес на државата. Намалувањето на јавниот интерес ќе доведе до уште поголемо продлабочување на кризата која може да прерасне во економоска криза и да има натамошни несогледливи последици. Затоа очекувам дека ќе настапи момент на отрезнување и дека сите учесници во преговорите ќе бидат водени од разумни проценки за тоа што треба да се направи во наредниот период, рече Камбовски.

Според него, потребно е ангажирање на севкупниот општествен потенцијал што го имаме, луѓе од универзитети, стопанство со цел да се спречи повторување на вакви политички кризи.

Камбовски посочи дека се покажа една голема слабост на нашите институции.

– Ако институциите функционираа добро немаше да дојде ни до таква длабока криза и таа ќе можеше на друго рамниште да биде разререшена. Во тоа е сериозноста на оваа криза, што таа покажа исклучитерлно голема институционална слабост, рече Камбовски.

Изрази надеж дека ќе се дојде до институционални решенија, кои итно ќе бидат вградени во Уставот како додатни гаранции за да не дојде до преплетување на надлежностите на инститициите.

– Еден од главните програмски правци за работа на Академијата ќе биде токму помош на општеството од дефинирање на одделни развојни стратегии за наредниот период, па и една глобална стартегија каде оди Македонија во наредните десет или давесет години, рече Камбовски.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи