Камбовски избран за странски член на Бугарската академија на науките

Од:

Собранието на академиците на Бугарската академија на науките го избра претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски, за  странски член на Бугарската академија на науките (БАН).

Во образложението на Бугарската академија на науките, меѓу другото, стои дека Камбовски има објавено околу 340 публикации и научни трудови и дека е неприкосновен авторитет во својата земја од областа на кривичното право и филозофијата на правото. Исто така, се наведени и неговите научни интереси, меѓу кои се: организираниот криминал; потребата од приближувањето на македонското право со правото на Европската унија; судските реформи како приоритет за Република Македонија во процесот на пристапување кон Европската унија; кривично-правната репресија и новите форми на криминални активности; јазикот на омразата, на недискриминација и толеранцијата.

Во образложението за изборот на акад. Камбовски за странски член на БАН, исто така, стои дека тој придонел и за развивањето на заедничка соработка меѓу МАНУ и БАН, врз основа на која веќе втора година се работат 33 заеднички проекти од областа на медицинските, хуманистичките, општествените, природно-математичките и техничките науки.

Би можело да ве интересира

Евроинтеграциските процеси на државава е „комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи“, вели Попов

Попов: Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем

Попов: Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот постои само една национална академија

Горан Наумовски

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски