(ВИДЕО) Калевска: Очекувам законот за СЈО да се подржи со широк консензус

Од:

Пратеничката на СДСМ, Снежана Калевска, рече дека очекува Законот за СЈО да добие зелено светло и да биде изгласан со широк консензус, како што вчера биле изгласани три реформски закони.

Според неа, договорено е СЈО да биде дел од Државното обвинителство и да функционира по принцип на одделението за организиран криминал.  Таа на денешната прес-конференција посочи усвоен е пакетот закони за праводуството, а ние како партија остануваме посветени на реформската агенда што ја води државата напред.

„Имаше два предлога знаете, но овој вториот беше широко прифатен по дебатите со стручната јавност, но и за нас. Ова е клучен закон за борба со високата корупција и затоа очекуваме поддршка од сите политички страни. До сега ниту еден политичар не дал изјава дека е против борба со корупцијата и не гледам простор за неприфаќање на законот“, изјави Калевска.

На прашањето дали осумтемина независни пратеници ќе го поддржат СЈО, таа рече дека очекува тие да гласаат „за“. Додаде дека условувањето на опозицијата јавен обвинител да се избира на нивен предлог е политичко барање на кое не му е ни место ни време.

Од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, не сакаа да кометираат за законот и рекоа дека ќе се произнесат откако ќе го разгледалаат предлог решението.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, изјавија дека прво нивни експерти ќе го погледнат законот, па потоа ќе излезат со став.

„Како што знам денеска поминал законот за СЈО во Влада. Треба да оди во Собранието така да ние ќе треба да го погледнеме. Нашите правни експерти да го погледнат законот и веднаш потоа ќе излеземе со став по тоа прашање“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ