Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Од:

Пред стартот на системот „Безбеден град“, во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат и предвидените глоби.

Пречекорување на брзина во населено место
(дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак)

• до 10 km/h над дозволеното – 15 €
• од 10 до 30 km/h – 50 €
• од 30 до 50 km/h – 300 € + забрана за управување 3–12 месеци

Пречекорување на брзина надвор од населено место
(130 km/h автопат • 110 km/h пат за моторни возила • 90 km/h други патишта)

• до 30 km/h над дозволеното – 20 €
• од 30 до 50 km/h – 50 €
• од 50 до 70 km/h – 300 € + забрана за управување 3–12 месеци

Поминување на црвено светло
• 250 € глоба
• забрана за управување 3–12 месеци

Непрописно запирање и паркирање
(пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации)

• глоби од 25 €, 40 €, 150 € и 180 €
(во зависност од видот и тежината на прекршокот)

Учество во сообраќај со нерегистрирано возило
(без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици)

• 500 € глоба
• ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена – 100 €

Намалување на санкциите
• Плаќање во рок од 8 дена → се плаќа 50% од глобата
• Ако има и забрана за управување → се изрекува во половина од пропишаниот рок

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, за поголема лична и општа безбедност и намалување на сообраќајните незгоди.

Би можело да ве интересира

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие