Како ВМРО-ДПМНЕ го „билда“ рејтингот

Од:

На социјалните мрежи и на некои портали беа обелоденети документи од, како што велат, „кртот“ во ВМРО-ДПМНЕ. Документите се пратени до градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и се објаснуваат чекорите кои треба да ги превземат како подготовка за изборите.

Во писмото кое е пратено од функционер на владеачката партија стои “Ви ги испраќам материјалите кои беа поделени на сите градоначалници на последниот состанок со генералниот секретар Кирил Божиновски врз основа на кои треба да постапите согласно задолженијата„

Мејл адресата од која е пратена пораката гласи „aktivnosti.gradonacalnici@…..com“.

A дадени се и две лица за контакт Дејан и Благоја и нивните телефонски броеви.

На градоначалниците им се наложува да изработата програма и отчет за следните локални избори.

Градоначалникот треба да го реализира проектот „Во моето мало“ споре кој во секое мало му се наложува да се задржи по еден час. Во дописот стои дека, бидејќи ВМРО ДПМНЕ ја има власта во најголемиот дел од општините можел многу поедноставно, за помалку пари, да изгради парк, да постави клупи, за да ги привлече граѓаните.

За промовирање на градоначалниците им е обезбедено гостување на утринскиемисии и национални програми. Сите нивни посети, сечење ленти и обиколки на корита на реки, средби со еминентни спортисти, талентирани ученици, посети на противпожарни бригади, чистење на железнички пруги треба да биде соодветно медиумски покриено. Задача за градоначалниците е и формирање и соработка со тело за подршка на земјоделците и Фонд за таленти и Фонд за спортисти.

Градоначалниците во интерес на партијата треба да ги посетат сите изградени тротоари и според нив наречени „скверови“ (плоштади з.н.а). Потоа нивна задача и на министерот Спиро Ристовски е да ги посетат пензионерските домови, а со пензионерите да играат шах, фудбал или да ги изнесат како што стои во некој парк на прошетка но само ако е убаво времето.

Градоначалниците и пратеникот Влатко Горчев пак, ќе треба да посетат и по некоја касарна и да другаруваат со војниците, а задача за заменик министерот Коњанвоски придружуван од градоначалнкот е да садат, берат, да покопаат малку, а некои за сликање да вози и трактор или комбајн.

И уште една задача, доклку има пожар функционерите на ВМРО ДПМНЕ треба да гасат, а доколку недај боже, има поплава треба да чистат канали. По наредба од партијата и цело членство треба да се вклучи во чистењето.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи