Како треба да изгледа Шар Планина за 20 години?

Од:

Претставување на визијата за Шар Планина 2038 година како и формирање на прекугранично советодавно тело за регионот Шар Планина – Кораб – Коритник, што се протега во Македонија, Албанија и Косово беа главните цели на денешната конференција, што во организација на неформалната платформа на повеќе невладинини организации Пријателите на Шара се одржа на Попова Шапка.

Според Фросина Пандурска Драмиќанин од Македонското еколошко друштво визјата за Шар Планина односно како таа треба да изгледа во 2038 година е резултат на тримесечни интезивни трибини и состаноци со претставници од локалното население од шест општини во полошко кои гравитираат кон Шара.

– При нашите средби во Јегуновце, Теарце, Тетово, Боговиње, Врапчиште и Гостивар со земјоделци, ловџии, планинари, претставници на невладини организации и други од нивните размислувања за тоа како треба да изгледа Шар Планина за 20 години заеднички заклучок е дека таа треба сега и веднаш да биде прогласена за заштитено подрачје или национален парк за да се заштитат природните богатства со кои располага овој планински масив, рече таа.

Појасни дека документот што беше изготвен по овие состаноци предвидува дека Шара ќе биде со заштитена и зачувана природа, живи села со активно население и моќни месни заедници со одржлива економија и функционална инфраструктура, што нема да биде на штета на природата.

– Очекуваме дека овој документ да биде испратен до сите инстутуции надлежни за решавањето на статусот на Шар Планина како национален парк и оти ќе биде земен предвид од нивна страна. Заедно со студијата за валоризација на природните ресурси на Шар Планина што се врши во Министерството за животна средина се надеваме дека административните процедури ќе завршат за две до три години и Шара ќе го добие овој статус, изјави Пандурска Драмиќанин.

За Метин Муареми од Центарот за едукација и развој од Теарце токму недоаѓањето на претставници на институциите на денешниот настан само го потврдува нивниот скептицизам кон целиот овој процес започнат уште пред дваесетина години.

– По сите средби и разговори со месното население во Полошко ние ги увидовме нивните резмислувања за постојните проблеми, но и нивната потреба за зачувување на природата преку итно прогласување на Шар Планина за национален парк. Сепак овој процес треба да биде не само формален, туку целосно да се спроведе на терен во соработка и со помош на месното населени за ние навистина да добиеме Шара регион со развиен туризам но и со зачувана чиста вода, шуми, биодиверзитет и други природни богатста, без дива сеча или диви патишта низ планината рече Муареми.

Во вториот дел од денешната конференција беше формирано прекугранично советодавно тело за регионот на Шар Планина – Кораб – Коритник со учество на претставници од Македонија, Албанија и Косово.

Освен можноста за реализирање на заеднички прекугранични проекти очекувањата се дека иако телото ќе работи на доброволен начин преку него навремено ќе се реагира на главните проблеми, кои се исти за целиот регион.

Би можело да ве интересира

Уште е активен пожарот на Шар Планина, гори букова шума во Чашка

Жителите да излезат и да ги бранат имотите, пожарот е проширен – повик од Националниот парк „Шар Планина“

ВИДЕО: Локализиран е пожарот на Шар Планина, гори на Баба

Катерина Ѓуровски

Со хеликоптер се гасне пожарот на Шар Планина

Катерина Ѓуровски

Во месноста Лешница на Шар Планина забележан рис

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски