Како што се договоривме така и постапивме како владина коалиција на овие избори, објаснуваат од ВРЕДИ

Од:

Како што се договоривме така и постапивме заеднички како владина коалиција на овие избори, изјави портпаролот на ВРЕДИ Дритон Сулејмани одговарајќи на новинарско прашање да ги искоментира критиките на портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов кон ВРЕДИ, за тоа дека не дале поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-ВРЕДИ е втора политичка сила во државава и како таква веруваме дека нема потреба да ја спуштаме дискусијата на такво ниво, ова е уште еден обид на портпаролот на ЗНАМ да привлече медиумско внимание два дена после изборите и не треба да се сфати сериозно. Не гледам никаков простор за проблеми во коалицијата, ние како што се имаме договорено така и постапивме на овие избори заеднички како владина коалиција, рече Сулејмани на прес-конференција.

Претходно Мемов на својот Фејсбук профил напиша дека ВРЕДИ го изиграла ВМРО-ДПМНЕ и не гласала за Орце Ѓорѓиевски во Скопје, за потоа во одделен статус да се дообјасни дека тоа бил негов личен, а не партиски став.

-Вчерашната објава на мојот фејсбук профил во однос на поддршката помеѓу партнерите во владата на локалните избори е мој личен став и не изразува став на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија. Гледам дека оваа моја лична објава предизвика внимание, но и негативни реакции. Победата на овие локални избори што ја остварија ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на нашата взаемна поддршка во сите општини во Македонија, што е потврда на имплементацијата на конзистентните политики на владата во изминатиот период. По локалните избори владините партнери треба да продолжат во ист правец, затоа што зацртаните политички цели за овие избори се остварени, напиша Мемов на Фејсбук.

По победата на Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Скопје во вториот круг од изборите, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања рече дека малата излезност во Сарај и Чаир не значи дека нивниот коалициски партнер ВРЕДИ ги бојкотира и оти тоа веројатно било одлука на гласачите.

– Не мислам дека нашиот коалициски партнер не бојкотира. Никој гласовите не ги чува во џеб, ниту, пак, може да ги испорача директно од џеб. Тоа коешто го видовме помеѓу двата круга од нашиот коалициски партнер во Скопје, од водството на нашиот коалициски партнер, е една чесна заложба за Орце Ѓоргиевски како кандидат тогашен, а сега веќе градоначалник на Градот Скопје. Факт е дека гласачите коишто гласаа за ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски. Претпоставувам тоа била таква одлука на гласачите, и тоа е што е, рече Мицкоски. Тој негираше дека тоа ќе се одрази врз функционирањето на коалицијата.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Коалицијата на ДУИ се стопи како пластелин

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Според ВРЕДИ законското усогласување на минималната плата во март е „нова економска ера“

ВРЕДИ очекува да има и вицепремиер и министер за животна средина, позициите кои му припаѓаа на Меџити

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ ја нападна Јаневска: Не знае ни збор албански, а реагира за тоа што не го разбира Касами

ВРЕДИ: По месеци ѓубре, Скопје и Чаир овојпат навистина се чистат

А1он