Како ќе се задоволат апетитите за можни коалиции во Струга и Тетово?

Од:

Теута Арифи и Зијадин Села мака мачат со договорите за колаицирање и профункционирање на локалната власт. Градоначалниците и советниците избрани, но општините не можат да профункционираат. Со овој проблем се соочуваат општините Струга и Тетово.

Се уште се преговара, договара, се нуди и се бара, за да се договорат коалициите, со задоволување на сите афинитети и апетити.

Советот на Струга, со градоначалник од ДПА, има 27 советници, 11 се на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ „Заедно за Струга“, по 7 советници имаат ДПА и ДУИ и двајца се на НДП на Османи.

ДПА одлучи да не коалицира со СДСМ и ДУИ.

Коалицијата „Заедно за Струга“ е расположена со ДПА и за возврат го посакуваат претседателското место во Советот и неколку други директорски места.

За Струга веќе се зборува дека се можни нови избори за советници на општината.

Бројот на советници во Тетово е 33, 12 од ДУИ, 10 од ДПА, 5 од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ВМРО-НП имаат по двајца советници и по еден советник има од НДП и од ДПТ.

Во Тетово ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, коалициските партнери на централно, не можат да се договорат за колаиција и поделба на изборниот колач на локално ниво. ВМРО-ДПМНЕ го бара претседавачкото место во Советот и неколку раководни места. ДУИ не се согласува.

Тука веќе се говори за можна коалиција меѓу ДУИ и СДСМ.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар