Како ќе се пресече Гордиевиот јазол во Комисијата за труд?

Од:

Според Деловникот, Вељаноски сам ја закажа седницата. Иванова јасно кажа дека нема да претседава со седницата, но не се откажува од претседателското место.

Таа бараше прво да заврши дебатата по 15-те илјади амандмани на ДУИ за законот за бранители, закон поднесен од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека Иванова ги кочи покачувањето на пензиите и социјална помош, а Иванова и целата опозиција упорно објаснуваа дека и ова е дел од игрите на коалициските партнери кои кога им треба глумат патриоти, а после тоа загрижени пратеници за социјалните проблеми.

Најверојатно со седницата ќе претседава пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ сега предлага покачување на пензиите од јануари, а не од март месец.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска