Како изгледаше Скопје пред Макрадули да стане негов градоначалник?

Од:

Промоцијата на Јани Макрадули за градоначалник на Скопје започна со кус филм „Како изгледаше Скопје пред 2013 година пред Јани Макрадули да стане негов градоначалник“ во кој граѓани зборуваа за новите нешта што Макрадули би ги изградил во метрополата, а по падот на скопскиот ѕид, кој го подигнала сегашната власт.

„Годината кога се урна ѕидот во Скопје, кој ги оддели граѓаните од нивниот град, од нивните омилени места, од нивните навики. Берлинскиот ѕид беше ништо во споредба со скопксиот, кој ги подели луѓето по националност, ги раздвои пријателите и семејствата, влезе и во тетатарот и во собранието. Тој ѕид беше ѕид на срамот“, беше речено на промоцијата.

Јани Макрадули ги повика Скопјани да си го вратат градот. Тој вети дека многу сегашни објекти ќе ги пренамени, катните гаражи во простор за рок бендови, во четврток вети дека ќе ја врати скопската шема, баскетот во секое маало, урбаниот велосипедизам да стане секојдневност.

Скопје мора да биде безбедно. За Скопје реновирање на сите средни училишта и изградба на прва државна гиманзија во општина Аеродром, изградба на студентски град, на Скопје во 2013 му треба прграма и план за живите, квалитетен живот, со нови мостови, со нови пензионерски домови, со подвозници, со дневни центри за болните, со пристапни рампи, со помалку давачки кон градот.

– Ветувам дека ќе ги намалам сите давачки кон градот за 5 проценти. Го сакам Скопје обединето за сите, и ќе ја изградам патеката од Музејот до старата чаршија, веќе никој нема да дели, време е Скопје да се промени, да си го вратиме нашиот украден град.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“