Како Груевски пишуваше против командантите на ОНА

Од:

Премиерот Никола Груевски, како опозиционер жестоко се противеше на назначувањето на Хисни Шаќири за потпретседател на Собранието.

Во колумна за Дневник, Груевски ја критикува тогашната власт на СДСМ за овој потег, редејќи ги имињата на загинатите полицијаци и војници.

Дали треба директните учесници во војната, тие кои веќе добија амнестија, сега и да бидат наградени? За што ги наградуваме? За што го наградуваме Шаќири, а по тој принцип и многу други? Заради што сите пратеници на СДСМ гласаа за негово назначување за потпретседател на собранието? За тоа што повикувајќи во борба и убиства не нарече “варварски агресор”? За да поттикнеме други генерации на радикални структури да тргнат по истиот пат? Кому денешното назначување на Шаќири ќе му биде пример за успех и вистински пат во иднина? Зошто не можеше некој друг пратеник-Албанец да биде потпретседател на Парламентот? Дали можеби сето ова е за да некој остане на власт?, пишуваше Груевски за Дневник во ноември, 2003 година.

Седум години подоцна, под власта на Груевски беше изгласана амнестија за сите хашки случаи, Фатмир Бесими и припадници на АРМ се поклонија пред споменикот на ОНА во Слупчане, бранителите беа тужени и мораа да ги враќаат со камати парите кои им ги додели судот, сега министер за одбрана е Талат Џафери, или некогашниот командант на ОНА.

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on