Кај жител на Драчево пронаjдена марихуана, кокаин и куршуми за полуавтоматски пиштол

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомневање дека едно лице ги сторило кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 29-годишник, на 28 септември, во неговото пријавено живеалиште на улицата „Бранко Заревски” во Драчево и на адреса на која непријавено престојувал на улица „Париска” во Скопје, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана спакувана во зипер кеса, две целофански пакувања и бело најлонско пакување со вкупна нето маса од 29 грама, 27 семки од растение кое припаѓа на растителниот род – Cannabis, како и наркотична дрога – кокаин во две најлонски пакувања со вкупна нето маса од 3,77 грама. При претресот била пронајдена и дигиталната вага со остатоци од кокаин. Тој недозволено држел и муниција – 30 куршуми со калибар 6,35 наменети за огнено оружје – полуавтоматски пиштол.

„Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од криење односно дека ќе се даде во бегство и постојат особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело,“ велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски