Кај скопјанец пронајдени хероин и кокаин, полицијата поднесе кривична пријава

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, со кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје го предаде лицето Ќ.Ј.(52), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ. На лицето му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Минитерството за внатрешни работи денеска соопшти дека на 24 септемвир 2018 година, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, по преземени мерки за извршено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, извршен е претрес во дом лоциран на улица „Лазар Танев” во Скопје, сопственост на пријавениот, каде истиот престојува заедно со неговиот 28-годишен внук.

При извршениот претрес пронајдени се 126 грама хероин, 47 грама кокаин и 470 грама мешавина од кофеин и парацетамол.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он