Кај Катица Јанева „жешкиот костен“, аферата „Пуч“

Од:

Ова е новата специјална обвинителка Катица Јанева, личноста, која со договорот на четирите политички партии, ќе биде специјалниот обвинител, и која ќе треба да се справи со случаите „Пуч” и „Прислушување“.

Изборот е по директен предлог на олеснувачите на преговорите.

За јавноста не е позната, но не и за фелата. Велат дека е искусна и професионална.

Таа во моментов ја врши функцијата-јавен обвинител на Основното јавно обвинителство-Гевгелија, и е на листата предавачи на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Јанева има 50 години. Потекнува од семејство на познатиот судија Делеџаков, кој бил и претседател на Основниот суд во Гевгелија.

Според Законот за судови, Основните судови кои не се со проширена надлежност, каков што е Гевгелискиот, се надлежни за прв степен по кривични дела и прекршоци, за кои е предвидена казна до 5 години затвор.

Јанева има завршено високата обука за борба против мафијата, корупцијата и организираниот криминал во Италија.

За заменик на јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство во Гевгелија е именувана е на Седумнаесеттата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 10 април 2003 година.

Еве го стенограмот од седницата:

Отворам претрес по предлогот Катица Јанева да биде именувана за заменик на јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство во Гевгелија. Молам кој бара збор? (Никој). I/65.- Бидејќи никој не бара збор, го заклучувам претресот. Предлогот Катица Јанева да биде именувана за заменик на јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство во Гевгелија го ставам на гласање. Ве молам да гласаме. Од присутни 61 пратеник, за предлогот гласаа 61 пратеници, сите за. Констатирам дека Катица Јанева е именувана за заменик на јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство во Гевгелија.

Таа го работела случајот на Спаска Митрова Савиќ, која се бореше за право на старателство на својата ќерка. Во ова беше вклучена и бугарската амбасада и организацијата „Радко“.

Би можело да ве интересира

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

Тројца обвинети за закани и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци, за еден предложен притвор

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

Кочанското Јавно обвинителство ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се поврзуваат со постапката за корупција со клубот „Пулс“

Обвинителството започна истрага против 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”

Горан Наумовски

Обвинителство: Маж од Неготино бараше припадниците на ромската националност да им се забрани да гласаат на избори

Горан Наумовски