Кај двајца велешани пронајдено автоматско оружје, пригушувач и куршуми

Од:

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми се пронајдени при извршен претрес кај двајца велешани. Полицијата информира дека вчера во периодот од 10 до 12 часот во Градско, Велес со наредба од Основен Суд Велес извршени се претреси во домовите на лицата О.П.(36) и П.К.(54).

„Во домот на О.П. од Градско пронајдени се 9 куршуми 9 мм додека кај П.К. исто така од Градско пронајдени и одземени се едно автоматско оружје со пластична рамка, еден пригушувач на звукот, 11 куршуми 9мм. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ за ‘неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материи’“, информира МВР.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанка го истепала шестмесечното бебе

Катерина Ѓуровски

Хорор во дебарско: Жена грабната од дома, претепана и силувана

Пијана девојка направила хаос на бензинска во Кавадарци

Остатоци од човечко тело пронајдени во кавадаречко Сопот, предадени за обдукција и ДНК анализа

Катерина Ѓуровски

Починат велешанец пронајден на земјен пат во Општина Чашка

Поставена бомба во автомобил на скопјнец , куршуми пронајдени во автомобилот на брат му