Вчера во седиштето на Движењето Беса се одржа првиот состанок на Централното Претседателство. На овој состанок беше потврден 4-годишниот мандат на 34-те членови на Централното Претседателство, исто така беше избран и потпретседателот и генералниот секретар на Движењето.
За потпретседател беше избран пратеникот на движењето Беса, др.Неџбедин Кахремани, кој кратко време беше исто така и в.д. претседател на Движењето Беса, додека за генерален секретар на Движењето беше избран Скендер Реџепи-Зејд, кој досега ја извршуваше функцијата Организациски секретар во Движењето Беса.
На крајот од состанокот беше одлучено другите партиски органи да се избираат на следниот состанок на Централното Претседателство.