Бројни коментари и критики доаѓаат откако Комисијата за заразни болести предложи воведување полициски час кој би траел од 22 часот до 5 часот наутро. За дел од граѓаните ваквата рестриктивна мерка е нелогична, имајќи предвид дека кафеаните и рестораните работат до 21 часот, а од 22 часот треба да почне полициски час.
Според коментарите, новата рестрикција е непопуларна и нема да даде резултати бидејќи границите се отворени, не се бара ПЦР-тест за влез во Македонија, а секојдневно додека е сончево кафеаните и кафичите се преполни и неретко нема дистанца меѓу луѓето.
Во еден од твитовите стои: „Кафичи и ресторани работат до 9. Полициски час од 10. Маски се носат на отворено, во затворени локали не мора. Дали има барем една логика во сиве овие закони?? Барем една!“.
Кафичи и ресторани работат до 9.
Полициски час од 10.
Маски се носат на отворено, во затворени локали не мора.
Дали има барем една логика во сиве овие закони??
Барем една!— Поглиачи (@SmoothManMk) March 8, 2021
„Од утре полициски час, така? Тамам работат кафичи до 21h и имаме саат време фора да се вратиме дома. Кое е фајдето да има полициски час во период од 22h до 5 наутро?“, стои во друг коментар.
Од утре полициски час така? @VFilipche
Тамн работат кафичи до 21h и имаме саат време фора да се вратиме дома. Кое е фајдето да има полициски час овој период од 22h до 5 наутро?— проклета? (@lejdiTM) March 9, 2021
„На чекор до колективен и оп полициски час“, пишува во твитот на Киднат.
На чекор до колективен и оп полициски час.
— киднат (@i_koneski) March 9, 2021
„Во Амстердам ова се деси прошлата среда. Денски. Додека навечер имаше полициски час. Полициски час не е решението“, пишува друг корисник на „Твитер“.
Во Амстердам ова се деси прошлата среда. Денски. Додека навечер имаше полициски час. Полициски час не е решението. https://t.co/Xt0LrgRktl pic.twitter.com/UUNsfMvPD4
— Punchable Пичлеме and 24 others (@penggemaar) March 9, 2021
Дел од граѓаните сметаат дека мерките не даваат резултати поради тоа што се нелогични. Тие велат дека не го разбираат задолжителното носење маски на отворено, ако се има предвид дека во кафулињата се седи без нив.
Полициски час,а се спремаат за попис!
Маски на отворено,а во кафулиња не мора маска!
Забрането одење на гробишта,а дозволени концерти на Петар Грашо,Владо Георгиев!
Кафулиња да работат до 21h,а казина цела ноќ!
Ваучери за туризам,а забрана за гости!Има ли оваа влада 3 чисти?!!!
— СПЕЦијализанT ✍?? (@specijalizantot) March 9, 2021
Дел, пак, сметаат дека полициски час од 22 часот е нелогична мерка.
Дали има некој што ја сфаќа логиката на полициски час од 22?
Ако може да ми ја објасни, тенкс.— Јан А. (@Architweetka) March 8, 2021
Ај нека ми објасни некој што би имале корист од полициски час од 10 вечер до 5 сабајле?
— ℝ????? (@Baad_Influence) March 8, 2021
Полициски час од 22 до 5 е како ставање кондом после секс.
— Prison Break (@PrisonB79315798) March 8, 2021
22:00 штама надвор. Шо ти е власт, ќе каже полициски час и сите дома прпа. Короната сама е надвор.
— сезнајко (@seznajko3) March 8, 2021
Со полициски час од 22 часот до 5 часот наутро ќе се спречи само клецање на Водно, ништо друго. .
— ДОРЧО (@Dorcobre) March 8, 2021
Поглупа мерка од маска на отворено а без маска у кафана е само полициски час после работно време на кафана.
— Kibble D (@KibbleD9) March 8, 2021
Филипче предлага полициски час, јас предлагам Филипче да си ја работи работата да купи вакцини.
— Бахчов (@Bavcov) March 8, 2021
ради реда…или полициски час од 22ч.
— DOKTOROT (@DOKTOROT3) March 8, 2021
Полициски час од 22ч…без ефект и онака се работи до 21ч…полициски час од 18ч…ама па кој сум јас да мислам…и повторно МОЕ лично мислење ..не барам одобрување…и затвори се на некое време(карантини)…секако ќе има смрт…дали од глад дали од корона…
— DOKTOROT (@DOKTOROT3) March 8, 2021
Што фајде од полициски кога е раширено секаде?
— Скрачи (@Skraci) March 8, 2021
Дел од корисниците на „Твитер“ се шегуваат со мерката за воведување полициски час од 22 часот.
Полициски од 10 значи само едно, живо такси нема да најдеш после 8 ипол
— Самосвесен ? ☭ (@Samosvesen) March 8, 2021
Подобро полициски час отколку интервјуто со кралското семејство
— Another Hero (@petnaesetdotri) March 9, 2021
Едино нешто што ќе трпи со новиов полициски час е одење по печурки ?! Друго е све лабаво.
— Maja (@superman237) March 9, 2021
Добро еве не мора научно, нека има барем логично објаснување за полициски од 22:00 ?
— Самосвесен ? ☭ (@Samosvesen) March 8, 2021
Полициски час од 22 до 05 ти е исто како да менуваш
зимски/летни гуми на расипана кола— Вилипче (@hulahopka35) March 8, 2021
„Леле полициски после 22ч.“
*нема искочено после 20ч цела година
— Ја Банџи Ја (@jabandzija) March 8, 2021
За воведување полициски час, Владата треба да расправа на денешната седница. Комисијата за заразни болести оцени дека ваква мерка ќе има ефект, а предлогот е да трае две недели, колку што е траењето и на еден епидемиолошки циклус. Ова доаѓа откако анализите покажаа дека расте бројот на заразени лица од коронавирус, како и хоспитализирани.