Каевски: Со антикризните мерки сметките на граѓаните ги намаливме за 4.000 денари месечно

Од:

СДСМ, преку институциите и Владата успешно ги менаџира последиците од најголемата економска и енергетска криза во светот во последните 70 години. Антикризните мерки, вредни 400 милиони евра, за заштита на стандардот на граѓаните и стопанството даваат резултат рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Дарко Каевски.

– Ефикасното и брзо реализирање на само неколку мерки на Владата сметките на граѓаните се намалени за 4.000 денари месечно. Само со една мерка, намалување на ДДВ за основни производи за човечка храна од 5% на 0%, од април до јуни, граѓаните заштедуваат во просек по 1.500 денари месечно. Најголема заштеда односно ефект има кај мерката за електрична енергија. Доколку Владата не ја субвенционираше струјата, сметките за струја на граѓаните би биле околу 2.150 денари повисоки на месечно ниво. Со намалувањето на стапката на ДДВ од 18% на 10% за енергенсите, односно акцизата, директен ефект од 300 денари заштеда месечно за граѓаните, согласно просечната потрошувачка на гориво по домаќинство. За неполни 100 дена, СДСМ и премиерот Ковачевски успеа да донесе ефикасни мерки и многу сериозно да го намалиме ценовниот шок и да го заштитиме стандардот на граѓаните вели Каевски.

.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО