Каевски: Сите инволвирани во Титаник да се повлечат од политиката, Мицкоски да поднесе оставка

Од:

После признанието на вина во „Титаник“ Христијан Мицкоски и раководствотo на ВМРО ДПМНЕ мора да си поднесат оставка. Покрај Мицкоски, сите инволвирани во Титаник и други предмети треба да се повлечат од политиката, како Милошоски, Јанушев и многу други рече на прес конференција пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.

– Врхушката на ВМРО ДПМНЕ, клучните играчи на осудениот криминалец Никола Груевски, признаа дека правеле изборен криминал, влијаеле на избирачко право и нелегално ги финансирале изборните кампањи. Сега на граѓаните им е кристално јасно се, се потврди целиот криминал на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Ете зошто Мицкоски на сите лидерски средби условуваше и бараше бришење на член 165 од Кривичниот законик, кој се однесува на злоупотреба на средства за изборна кампања, рече Каевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?