Каевски: Силјановска треба да им се извини на пензионерите за навредите дека се Мапет шоу

Од:

Додека СДСМ ги покачува пензиите, ги почитува и се грижи за повозрасните граѓани, кандидатката на ДПМНЕ, Гордана Силјановска ги навредуваат пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу. Ваков однос кон пензионерите е несоодветен и непримерен, крајно неодговорен за политичар, пратеник или кандидат за претседател на државата вели портпаролот и пратеник на СДСМ Дарко Каевски.

– Пензионерите не заслужуваат да бидат омаловажувани и Силјановска треба да им се извини. Гледаме дека ДПМНЕ не може да донесе никаква промена. Кандидатката на опозицијата за претседателка, Гордана Силјановска Давкова се претвори во уште едно лице на ДПМНЕ. На граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, нов партиски послушник, не им треба реприза на Иванов. На граѓаните не им треба уште една катастрофа по примерот на Скопје. Младите немаат уште една деценија да изгубат во изолација, враќање назад, да чекаат заглавени во подрумите на минатото. Граѓаните и пензионерите знаат што е најдобро за нив и за Македонија. Затоа, ќе кажат НЕ на политиките на ДПМНЕ за изолација, враќање назад, откажување и наведнување глава, рече Каевски.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом

Катерина Ѓуровски

Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус, прашува Мрежата за заштита од дискриминација

Катерина Ѓуровски

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он