Каевски не дојде на судење, се одложи рочиштето за случајот со спортските ваучери на АМС

Од:

Судењето за случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт е одложено за 9 јули, откако на првото рочиште денеска не се појави првообвинетиот Дарко Каевски.

Како што информираше неговиот адвокат, Петре Шилегов, Каевски е на домашно лекување по оперативен зафат на тетивата.

Во случајот, освен Каевски, обвинети се и директорот на АМС, Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски, потоа Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски.

Според информациите од Јавното обвинителство, постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 луѓе за кривични дела „злоупотреба на службена положба“ и за „несовесно работење“.

Судењето го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Лидија Раичевиќ.

Би можело да ве интересира

Ваучери за одмор за 1.777 лица со ниски примања

Затворен огласот за ваучер за клими поради преголемиот број на апликации

Орце Костов

Турканци за клими пред Министерството за економија, до денеска 2.500 апликации

Катерина Ѓуровски

Гужви за ваучери за клими: Над 500 барања пристигнати првиот ден во Министерството за економија

Орце Костов

Антикорупциска препорачува преиспитување на системот на финасирање во спортот преку ваучери