Каевски: Арсовска нема реализирано ниту еден проект, стопирањето на крупните проекти е на штета на скопјани

Од:

Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, вели дека скопската градоначалничка Данела Арсовска на денешната прес конференција не кажала за ниту еден сработен проект.

„Освен нивелирани шахти и мобилни тоалети Арсовска нема реализирано ниту еден, повторувам ниту еден конкретен, крупен проект. Мостот во Аеродром досега требаше да биде завршен. Обновата на Универзалната сала. Бесплатниот превоз за скопјани. Треба да бидат завршени реконструкциите на 10 тина улици.

Поминаа 82 дена од мандатот а наместо решенија и проекти, граѓаните на Скопје од Арсовска видоа само партизација на градската администрација и изземање од одговорност за своите надлежности.

Во својот отчет денеска Арсовска заборави да спомене неколку работи кои го одбележаа нејзиниот досегашен мандат:

Го прекина проектот Бас рапид транзит, ја закочи изградбата на двата нови моста, ја закочи Универзална сала, поништи оглас за вработување на 20 пожарникари.

Комплетно ги партизираше јавните претпријатија, јавните установи и Град Скопје.

Колку е партизирана работата на Град Скопје зборува и тоа што на денешниот отчет наместо државната, на неколку секунди беше пуштена химната на ВМРО-ДПМНЕ.

После 82 дена јасно е дека Данела Арсовска е најслабата градоначалничка на Скопје

Скопје и неговите граѓани не заслужуваат неспособна градоначалничка како што е Арсовска“, вели Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски