Кабинетот на Гаши: Употребата на албанскиот јазик во службената комуникација е загарантирана со Уставот

Од:

Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши реагираше по претставката на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ за заклетвата што ја даде прво на албански јазик, па на македонскиот јазик.

Од Кабинетот на Гаши велат дека употребата на албанскиот јазик во службената комуникација е загарантирана со Уставот.

– Претседателот на Собранието го остварува правото на употреба на албанскиот јазик во службената комуникација, што е загарантирано со Уставот, важечките закони и прописите на Собранието. Ова законско право ќе го остварува во текот на целиот мандат. Спикерот Гаши се залага сите собраниски процедури, согласно правата и обврските кои произлегуваат од законите, да го почитуваат и унапредуваат нашето мултикултурно општество, се вели во реакцијата.

Пратеничката на СДСМ и министерка за култура во заминување Бисера Костадиновска-Стојчевска вчера соопшти дека поднела претставка до Секторот за инспекција при Министерството за култура против новиот претседател на Собранието Африм Гаши поради тоа што заклетвата прво требало да ја прочита на македонски, а потоа и на албански јазик.

Би можело да ве интересира

Гаши ги распиша локалните избори на 19 октомври

А1он

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши e хоспитализиран на дигестивна хирургија, има преплет на цревата

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Гаши: Мнозинството останува стабилно, Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет

Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“