Кабел предизвикал пожар на Трансфузиологија, а се гасне запален автобус во близина на „Црвен крст“

Од:

Кабел во серверска соба се запалила во Институтот за трансфузиологија во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а на булеварот „Кочо Рацин“ горел автобус. На двете места интервенирале противпожарни бригади. Пожарот на Трансфузиологија е изгаснат, а пак кај запалениот автобус се интервенира.

На Трансфузиологија нема повредени лица и пожарот бил веднаш изгаснат со ПП-апарат од страна на вработените. На двете локации се интервенирало со две противпожарни возила, од кои на Трансфузиологија се постапувало превентивно. Информациите за „А1он“ ги потврди Владимир Симоновски, командант на противпожарната единица во Скопје. Тој информации за запалениот автобус најави за подоцна.

Од Министерството за здравство велат дека во Институтот за трансфузиологија се запалил кабел во серверска соба.

„Кабел се запалил во делот на серверите, каде што е интернет просторот. Изгаснат е со противпожарен апарат, а превентивно е повикана противпожарна бригада“, велат оттаму за „А1он“.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски