„Јутјуб“ натпревар: Бомбите им водат на тајните средби!

Од:

Прес конференцијата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за третиот дел од „бомбата“ има речиси 225.000 прегледи на „Јутјуб“ за три дена. Ова видео насловено како „Слушнете ужас: Местат апсење и изживување врз Љубе Бошкоски“ предизвика најголема заинтересираност од сите до сега објавени видеа на официјалниот „Јутјуб“ канал на СДСМ и има рекордна гледаност за толку кратко време.

 

Видеоснимка Прегледи       Датум на објавување
  1. Слушнете кого прислушувале Груевски и Мијалков  291.271               9 февруари
  2. Слушнете ужас: Местат апсење и изживување врз Љубе Бошкоски  224.997               20 февруари
  3. Слушнете: Местат судии, обвинители, пресуди…!  170.373               15 феврураи
  4. Вистината на виделина1  147.041               2 февруари
  5. Вистината за Љубе Бошкоски – Дел 1    89.537               21 февруари
  6. Вистината на виделина2    77.649               2 февруари
  7. Вистината за Љубе Бошкоски – Дел 2    39.183               21 февруари
  8. Вистината за Љубе Бошкоски – Дел 3    30.876               21 февруари
  9. Вистината за Љубе Бошкоски – Дел 4    30.737               21 февруари
10. Вистината за Љубе Бошкоски – Дел 5         301               Денес
11. Вистината за Љубе Бошкоски – Дел 8         301               Денес
12. Вистината за Љубе Бошкоски – Дел 6         215               Денес
13. Вистината за Љубе Бошкоски – Дел 7         171               Денес

 

Трите видеа на СДСМ за прислушувањата имаат вкупна гледаност од 686.641 прегледи. Видеата на анонимните „Јутјуб“ канали за тајните средби на Заев со Груевски и на Бошковски со непознатотo лице имаат вкупна гледаност од 416.011 прегледи.

Аудиозаписот од првиот дел од „бомбата“ кое беше објавено пред 12 дена до сега има речиси 300. 000 прегледи.

Второто видео за пет дена имаше 165.000 прегледи, а третото за 18 часа  го виделе 173.000 пати.

 

Пред видеата на СДСМ од прислушувањата, на „Јутјуб“ се појавија снимки од тајна средба помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев кои се уште се прикачени на мрежата, иако МВР доби задолжение од Јавното обвинителство да го контактира сервисот со барање тие да бидат повлечени. Снимките се објавени на втори февруари и за 20 дена едната насловена како „Вистината на виделина1“ до сега има 147.041 прегледи, а втората „Вистината на виделина2“ има 77.649 прегледи.

Пред два дена на „Јутјуб“ беше формиран каналот „Чкљ Чкљ“ на кој се поставени видеа од Љубе Бошкоски како разговара со уште едно лице чиј лик е заматен, за предизборната кампања на Бошкоски во 2011 година, за пари и за спорот за името со Грција.

На анонимниот канал со псевдоним „Чкљ Чкљ“, се поставени вкупно осум видеозаписи насловени како „Вистината за Љубе Бошкоски“. Четири од видеата се поставени пред два дена, а четири се поставени пред неколку часа. Најголема гледаност од овие видеа има видеото „Дел1“ кое досега има речси 90 илјади прегледи.

 

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он