Прес конференцијата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за третиот дел од „бомбата“ има речиси 225.000 прегледи на „Јутјуб“ за три дена. Ова видео насловено како „Слушнете ужас: Местат апсење и изживување врз Љубе Бошкоски“ предизвика најголема заинтересираност од сите до сега објавени видеа на официјалниот „Јутјуб“ канал на СДСМ и има рекордна гледаност за толку кратко време.
Видеоснимка | Прегледи | Датум на објавување |
1. Слушнете кого прислушувале Груевски и Мијалков | 291.271 | 9 февруари |
2. Слушнете ужас: Местат апсење и изживување врз Љубе Бошкоски | 224.997 | 20 февруари |
3. Слушнете: Местат судии, обвинители, пресуди…! | 170.373 | 15 феврураи |
4. Вистината на виделина1 | 147.041 | 2 февруари |
5. Вистината за Љубе Бошкоски – Дел 1 | 89.537 | 21 февруари |
6. Вистината на виделина2 | 77.649 | 2 февруари |
7. Вистината за Љубе Бошкоски – Дел 2 | 39.183 | 21 февруари |
8. Вистината за Љубе Бошкоски – Дел 3 | 30.876 | 21 февруари |
9. Вистината за Љубе Бошкоски – Дел 4 | 30.737 | 21 февруари |
10. Вистината за Љубе Бошкоски – Дел 5 | 301 | Денес |
11. Вистината за Љубе Бошкоски – Дел 8 | 301 | Денес |
12. Вистината за Љубе Бошкоски – Дел 6 | 215 | Денес |
13. Вистината за Љубе Бошкоски – Дел 7 | 171 | Денес |
Трите видеа на СДСМ за прислушувањата имаат вкупна гледаност од 686.641 прегледи. Видеата на анонимните „Јутјуб“ канали за тајните средби на Заев со Груевски и на Бошковски со непознатотo лице имаат вкупна гледаност од 416.011 прегледи.
Аудиозаписот од првиот дел од „бомбата“ кое беше објавено пред 12 дена до сега има речиси 300. 000 прегледи.
Второто видео за пет дена имаше 165.000 прегледи, а третото за 18 часа го виделе 173.000 пати.
Второто интегрално видео за 5 дена го виделе 165.000 пати. Третово за 18h го виделе 173.000 пати. #тиктактиктак
— Igor Trajkovski (@mkrobot) February 21, 2015
Пред видеата на СДСМ од прислушувањата, на „Јутјуб“ се појавија снимки од тајна средба помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев кои се уште се прикачени на мрежата, иако МВР доби задолжение од Јавното обвинителство да го контактира сервисот со барање тие да бидат повлечени. Снимките се објавени на втори февруари и за 20 дена едната насловена како „Вистината на виделина1“ до сега има 147.041 прегледи, а втората „Вистината на виделина2“ има 77.649 прегледи.
Пред два дена на „Јутјуб“ беше формиран каналот „Чкљ Чкљ“ на кој се поставени видеа од Љубе Бошкоски како разговара со уште едно лице чиј лик е заматен, за предизборната кампања на Бошкоски во 2011 година, за пари и за спорот за името со Грција.
На анонимниот канал со псевдоним „Чкљ Чкљ“, се поставени вкупно осум видеозаписи насловени како „Вистината за Љубе Бошкоски“. Четири од видеата се поставени пред два дена, а четири се поставени пред неколку часа. Најголема гледаност од овие видеа има видеото „Дел1“ кое досега има речси 90 илјади прегледи.
Извор: Мета